Државјанин на Мароко осомничен за неколку кражби

Полициски службеници од СВР Куманово притвориле 25-годишен државјанин на Мароко, кој е осомничен дека вчера извршил кражби во три деловни објекти и една семејна куќа, од каде одзел повеќе предмети и пари.

Украденото било пронајдено и вратено на сопствениците. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)