Едукативни работилници за дијабетес утре во Занаетчискиот дом

Здружението на дијабетичари од Куманово и Центарот за дијализа, ДИАВЕРУМ Куманово утре ќе организираат едукативни работилници во Занаетчискиот дом.

Предавач и едукатор на темата „Дијабетес и исхрана“ ќе биде дипломираната мед.сестра Татјана Ѓорговски од Центарот за дијабетес при Универзитетска клиника за ендокринологија, а за „Превенција на хронични компликации предизивикани од дијабет“ ќе зборува доктор Моника Јакимовска од ДИАВЕРУМ Куманово.

Предавањето започнува во 17 часот, а освен членовите на здружението на дијабетичари, можат да присуствуваат и останати заинтересирани граѓани.

Коментари

коментар(и)