Кумановските академски уметници можат да се пријават за проектот „Скици 2022“ до петок неделава, информираат надлежните од НУ Центар за култура.
Уметниците можат да изберат тема, а слободен е и изборот на техниката во која ќе се изработуваат цртежите.
По извршената селекција, планирано е во декември, годинава да се организира изложба.