Едукативно-креативна работилница за повозрасните

„Здраво старење, благодетите на спокој во стари денови и избегнување на стресни ситуации“ е насловот на првата едукативна трибина на здужението Јустиција, која е во рамки на проектот  “Самодовербата и социјалната инклузија – предуслов за достоинствено стареење”. На работилницата присуствуваа пензионери од кумановското здружение.

-Целта на проектот е да се поттикне самодовербата од социјалната инклузија како еден предулсов за достоинствено стареење бидејќи сите знаеме дека генерално реален проблем кај повозрасната популација е да бидат поактивни и да се вклучат во социјалните активности. Едно е повозрасната популација да биде дома да се занимава со своите внучиња, семејството но по 65-тата година кога заминуваат во пензија тоа се луѓе активни посоко високообразовните луѓе кои имале хоби се занимавале. Работата е овие искуства на повозрасните генерации и на помладите да се спојат и да се направи еден мост така што до својата длабока старост тие се уште ќе даваат допринос кон заедницата и кон општеството-истакна Оливера Доцевска од Јустиција.

Организаторите истакнаа дека во наредниот период ќе се спроведат работилници на тема психологија, кретивно пишување, историјата на уметност и слично, односно ќе се поттикнуваат повозрасните да го шират своето знаење.

-Здружението на пензионери од Куманово е отворено за многу широка соработка со невладиниот сектор. Ова ни беше добредојдена идеа на здружнието Јустиција да прифатиме една нивна иницијатива за едукација на повозрасната генерација, заради зачувување на здравјето, стресни ситуации и слично. Извршниот одбор на пензионерите го прифати меморандумот и денеска пристувуваме на правата работилница од овој вид што може да ни помогне понатаму со нови идеи да организираме нови вакви работилници. Здружението на пензионерите и досега работеше на инклузија со невладин сектор, со здруженија пример со волонтерите на Црвен крст од Куманово, каде што имаме секоја година средба-посочи Спирко Николовски, Здружение на пензионери.

Проектот, е во рамки на регионален проект Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица, кој е подржан од Европска унијата, австрискиот Црвен крст и агенцијата за развој, со национални имплементатори Црвен крст на Македонија, здруежнието Хуманост од Скопје и мрежата Инклузива М. Започнува денеска а ќе трае до 31-ви јули наредната година.

 

 

 

Коментари

коментар(и)