Емисијата „Мозаик“ на 24 вести започнува од Куманово

Најновата емисија, насловена „Мозаик“ на националната телевизија 24 вести започнува од Куманово. Снимањето се одржа на градскиот плоштад, а во емисијата гостуваат значајни имиња од градот.

Поранешниот македонски и југословенски фудбалер и тренер, Вујадин Станојковиќ, естрадните уметници Нино Величковски и Маргица Антевска, членовите на културно уметничкото друштво „Панче Пешев“, како и екипата на најактуелната хумористична емисија „Нема љутиш“, ќе гостуваат во емисијата насловена „Мозаик“ на националната телевизија 24 вести, која стартува од недела. Во новата емисија која ќе се емитува секоја недела од 10 до 12 часот, ќе бидат опфатени различни области на општествениот живот.Коцките на „Мозаикот“ низ Македонија ќе ги склопуваат новинарите Мишко Иванов и Јана Серафимова.

-Идеата ни е да се прошетаме малку низ Македонија, бидејќи се е стационирано во Скопје. Да видиме како живеете, како функционирате но тоа да го направиме низ еден друг агол, да не биде политички, туку сакаме малку културно, забавно, спортско, општествено. Со настап на културно уметнички друштва, изведувачи, познати ликови кои имаат што да кажат-истакна новинарот Мишко Иванов.

-Како за старт да ги пофалиме кумановци дека се супер домаќини, се погоди ова и со вашиот убав јубилеј, затоа и стартуваме од тука и се надевам дека ќе ни биде среќен стартот. Секогаш тоа е и целта да посветиме внимание на различните градови, да дадеме простор на луѓето кои не толку често ги гледаме, меѓутоа јавноста заслужува да дознае малку повеќе за нив, и да ги потсетиме луѓето на нашиот фолклор, музика, спорт и сите останати наши големи амбасадори вреди да си го имаат своето место во медиумите и ние да ги сакаме и почитуваме-нагласи Јана Серафимова.

Во првата емисијата од „Мозаик“ гледачите на 24 вести ќе можат да го проследат и разговорот со првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)