Енергетско ефикасна фасада на училиштата „Панче Пешев“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Замена на азбестниот кров, столарија и поставување на енергетско ефикасна фасада на музичкото училиште ,,Панче Пешев” и енергетска фасада на училиштата ,,Крсте Мисирков” и ,,Браќа Миладиновци”, се приоритетните мерки за подобрување на воздухот за кои се изјаснија присутните на втората форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Донаторите во соработка со Општината ќе настојуваат да се оствари и мерката – поставување на фотоволтаици на училиштата ,,Кочо Рацин “, ,,Наим Фрашери”, ,,Браќа Миладиновци ” и Ученичкиот дом ,,Професор Мијалковиќ”, информираат надлежните од општина Куманово.

Фондот на УНДП кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340.000 американски долари, а Општина Куманово ќе кофинансира половина од средствата за оваа намена.