Жена нападнала кумановец

Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Г.И.(40) од Куманово. Таа се сомничи дека  околу 03.20 часот на улица „Гоце Делчев“ со остар предмет го нападнала М.С. (43 години) од Куманово и му нанела повреда констатирана во Општа болница Куманово. М.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)