Жените од ВМРО-ДПМНЕ организираат крводарителска акција

По повод 14 Јуни – Светски ден на донирање на крв, Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, општински комитет Куманово заедно со Црвениот крст организира крводарителска акција.

Акцијата која е насловена ,,Вашата крв спасува живот”, ќе се одржи утре, во просториите на хотел ,,Солун” (поранешна зграда на воени ветерани) во периодот од 09 до 14 часот.

-Апелираме до граѓаните да ја даруваат својата крв, која е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи-се вели во соопштението од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Куманово.

Коментари

коментар(и)