Жителите со барање да се отстранат хаварисаните возила (видео)

Граѓаните од неколку населби од Куманово бараат несовесните сопственици на хаварисани возила да ги отстранат од улиците за да може непречено да се одвива сообраќајот и да се зголеми безбедноста на пешаците. Комуналната инспекција на подрачјето на градот има регистрирано осумдесетина нефункционални возила што не се наоѓаат само на јавните, туку, и на зелените површини. Во продолжение, ја слушаме изјавата на комуналниот инспектор, Владислав Трајковски, но и реакциите на нашите сограѓани.