Жители на Карпош се „ дават“ во фекалии

Повеќе од една година стотина семејства на улица 1 и споредните улички во населбата Карпош  одат по  фекална вода која се излева од  одводните шахти и освен што тече по Никуљски пат, се влева и во дворовите и бавчите на граѓаните. Жителите се плашат дека од фекалиите кои што најчесто децата газејќи по нив ги внесуваат и во  домовите  постои опасност  од инфективни  заболувања. Освен тоа, загадена е и  водата во нивните бунари. Ја користат само за наводнување на бавчите.

– Доаѓаат од Водовод речиси секој втор ден, но тука  има проблем со нагмечена цевка поради што водата тече по улица, кај мене и оградата е турната и пластениците и бунарот е загаден. Треба да се сменат цевките под итно на главната улица, изјави засегнат граѓанин.

-Проблем е каналот, можеби повеќе од една година вода од каналот тече, а не се преземаат мерки, одиме од врата на врата, кај градоначалникот, кај инспектори, во Водовод , никој не презема мерки, а децата одат на училиште, газат во фекалиите, се е уредно платено, но велат дека каналот не е примен, но ние плаќаме сметки за одводна канализација , не може да не примен каналот  ако плаќаме. Зошто ни наплаќа Водовод ако не е во нивна надлежност . Да се санира каналот, изјави граѓанин.

-Каналот кога изби на главната улица изби кај мене во влезната  врата ќе влезеше да не реагиравме навремено, во детската соба ќе влезеше, бавчата е уништена, не можам да отворам прозорец, оранжериите се уништени, не се користи водата за пиење од бунар, таа е валкана, само за наводнување на бавча, нека дојдат да санираат, изјави граѓанин.

-Прозорци и врата не можеме да отвориме, никој не сака да преземе мерки, деца мали се валкаат во фекалии, додаде засегнат жител на Карпош.

Граѓаните бараат итно решавање на проблемот. Ги повикуваат надлежните на месната заедница, јавното претпријатие Водовод и локалната самоуправа заеднички да најдат решение, бидејќи како што велат , без разлика што канализацијата е градена со самопридонеси преку месна заедница, тие во сметките за вода плаќаат и за одведување и прочистување на отпадните води.

-Прво виновна е месната заедница, до еден дел од улицата поставија широки цевки , а накај нас нагоре по улицата цевките се тенкопрофилни. Три пати го санираат но пак исти цевки ставаат, нека го решат проблемот, без разлика дали месна заедница, Водовод или општина, изјави граѓанин.

Иако Водовод нема обврска да интервенира на предметниот канал  бидејќи го градела некоја приватна фирма, а технички не е примен од Водовод сепак  нивни екипи и по неколку пати неделно ги чистат шахтите во целата населба.

Новина во врска со проблемот  информираат надлежните , е тоа што „Водовод“  е во фаза на изготвување проект за комплетна замена на технички неисправната канализациона мрежа во должина од 300 метри.

Коментари

коментар(и)