Непречена берба на доцните есенски култури

Целосно се завршени жнеењето и бербата на овес,  сончоглед , добиточен грашок, граор, фуражна пченка, кромидот, лукот и грашок зрно од доцните посеви по културури.  Според информациите од подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане досега ожнеани се 789 хектари со овес, при што е остварено производство од 1.740 тони. Посеан е и сончоглед на површина од 560 хектари.

-Пченката вкупно е ожнеана 20 отсто, овес 100 проценти завршен, сончоглед 100 проценти, суров тутун 90 проценти, добиточен грашок и граор 100 проценти и кромид и грашок 100 отсто се завршени  -изјави Бранкица Димковиќ од подрачна единица на МЗШВ во Куманово

И градинарските култури кои што не се обрани, се очекува до крајот на наредниот месец бербата целосно да заврши.

– Жнееењето и берењето на овие култури сега за сега е во добра состојба, нема некои поголеми проблеми околу временските услови, до крајот на октомври би требало сите работи да завршат, а  потоа треба да започне есенската сеидба, изјави Бранкица Димковиќ од подрачна единица на МЗШВ во Куманово

Годинава со доцни посеви насадени и насеани се 11.505 хектари површина од кои најголем процент насадиле индивидуалните земјоделци, односно 11.070, а претпријатијата 435 хектари. Привршува и бербата на лубеницата која е насадена на површина од 927 хектари. Од досегашните 85 проценти набрани површини остварено е производство од околу 23.000 тони. Компирот, пак е насаден на површина од 1.131 хектар  од кои над 13.000 тони производство оствариле земјоделците. Бербата на гравот во овој период е околу 80 проценти од површина од 700 хектари и досегашното производство е 490 тони.

Бербата на зелката и кељот е на почеток така што следниот период, ќе следува интензивна берба на овие зеленчуци на површина од околу 300 хектари.

Коментари

коментар(и)