Заврши жетвата во кумановско

Заврши жетвата на јачмен во кумановско, а ожнеани се и над 90 проценти од површините со пченица, но приносите на двете култури се пониски во однос на претходните години, најмногу поради неповолните климатски услови.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се посеани 12.820 хектари пченица од кои најголем дел кај индивидуалните земјоделци, 10.820. Јачмен е засеан на 8.713, од кои 7.713. кај индивидуалните земјоделци, изјави Насер Даути, раководител на п.е. МЗШВ, Куманово

-Кај земјоделските претпријатија приносите се од 2.000 до 2.500 килограми по хектар, додека кај индивидуалните земјоделци  од 1.000 до 1.500, изјави Насер Даути, раководител на п.е. МЗШВ , Куманово

Земјоделците од трите општини сееле и целосно ја завршиле жетвата на рж на површина од 347 хектари, како и на овесот кој годинава бил застапен на 901 хектар.

Според податоците од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , градинарските култури годинава се расадени на површина од 11,8 хектари , а очекуваното  производство е 537 тони. До 15 ти – јули, биле oбрани градинарски култури на 5,95 хектари површина , а вкупното остварено производство изнесува 228 тони, информираат од подрачната единица во Куманово.

Расадени се површини со домат, компир, благ и лут пипер, млади лукчиња , млади кромитчиња, зелка, зелена салата и слично. Досега најмногу на површина од 1,7 хектари е обран благ пипер, зелена салата е обрана на површина од 1,3 хекари,  а од  1,2 хектари површина обран е домат. Останатите градинарски култури се обрани од помали површини земјиште.

Коментари

коментар(и)