Заврши проектот „Уредување, промоција и заштита на Бислимска клисура”. Проектните активности за туристистичко подобрување на овој локалитет се спроведуваа согласно програмата на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики и ЛЕР при општината, во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2).
Програмата е финансирана од ЕУ, спроведена од програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Куманово.
Основна цел на проектот е подобрување на туристичката понуда на најпосетуваното излетничко место во кумановскиот регион, преку интервенции во инфраструктурата, еколошка заштита и вклучување на локалното население. Анализите покажуваат дека локалитетот е со тенденција на зголемување на бројот на посетители ( 30% во наредниот период од 5 години). Долготрајниот процес на обука, едукација и еколошки акции, се темели на основните заклучоци од студијата за развој на Бислимската клисура, издадена од центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Проектот е имплементиран од страна на здружението – Народен универзитет Куманово, во партнерство со локалната акциона група „ЛАГ АБЕР 2015“ и Фондацијата за развој.
Заврши проектот „Уредување, промоција и заштита на Бислимска клисура”
