Во основното училиште Кочо Рацин синоќа се одржа завршна манифестација Музичка сложувалка во рамки на проектот Сложувалка, кој се реализира во соработка со здружението Мобилност, а е финансиран од Фондација Отворено општество Македонија. Главна цел на проектот е прифаќање на разликите и различностите како придобивки на мултинационалната и мултикултурна средина во која живееме,развивање и кревање на свеста кај учениците, нивните родители како и на локалната средина за важноста на секој поединец. Проектот подразбира развивање емпатија, социјална инклузија и прифаќање на децата со телесна инвалидност и интелектуална попреченост и посебни образовни потреби и малцински групи. Обраќајќи се пред присутните директорката Лидија Пешевска посочи дека овој проект освен што овозможил да се реализираа заеднички активности, креативно творење, интерактивно учење и тимска работа, предвидува и пристап за сите, со конструкција на пристапна патека до игралиште и адаптирање на постоечкото игралиште во интерактивно, наменето за деца со телесен инвалидитет, како и паркинг простор, врати, меѓукатни рампи и тоалет за децата со телесна попреченост.
-Ги вклучивме и родителите и локалната средина ја ифнормиравме јавноста со цел негување на трајни вредности како пријателство, желба, волја за соработка и почит. Главната цел е и вклучување на поедици од посточените групи во тековниот училиште живот со цел да се реализираат себе си како важни чинители во општествениот и училипштениот живот, да знаат дека се прифатени и почтиувани. Со избор на лого, литературен конкурс, квиз натпревари, игри без граници и со оваа наша завршна манифестација Музичка сложувалка од понеделник најавувам започнување на најважното со градба. Нашето лого значи дека сите ние сме дел од една целина и заедно можеме се, ако заеднички работиме да ги составиме различните делови од оваа наша сложувалка, тогаш ќе успееме да создадеме училиште отворено за сите-истакна Пешевска.
Претседателот на Мобилност, Бранимир Јовановски истакна дека заложба на овој проект е овозможување на пристапност во училиштето за децата кои имаат пречки во движењето, бидејќи како што потенцираше според универзалната декларација сите луѓе се родени еднакви.
-Се обидуваме ова училиште да го направиме еднакво, децата кои имаат пречки во своето движење да можат самостојно и непречено да ги посетуваат часовите. Сакам да се сетам на една мисла на првиот човек кој стапна на Месечината, кој во тоа време рече Ова е мал чекор за човекот, меѓутоа голем за човештвото. Во овој случај оваа рампа што се гради, пристапен паркинг, тоалет и се она што е потребно за пристапност во ова училиште е мал чекор во Куманово за пристапноста во училиштата но се надевам и ја пренесуваме пораката до општината дека ќе се води грижа во иднина училштатата да бидат пристапни. Затоа што само едуциран човек, е конкурентен на пазарот на трудот. Ако во старт му ја спречиме едукацијата во основото и средното образование факутлетите ние сме направиле уште поголем инвалид, од самата инвалидност-нагласи Јовановски.
Тој се надева дека општината во наредниот период ќе покаже интерес за собработка со нивната организација, и на тој начин заеднички ќе обезбедат подобри услови за граѓаните на Куманово.