Завршуваат подготовките за ликовната колонија „Куманово“

Од 18-ти до 27 август ќе се одржи 41 –та по ред ликовна колонија „Куманово“ во спортско рекретивниот центар Пелинце.  Досега се пријавиле десетина ликовни уметници од  Македонија, Србија и Бугарија, а се чека на потврда за учеството и на ликовен уметник од Република Српска, вели Цоки Ристовски од Секторот за култура.

-Има некои уметници кои учествувале на оваа колонија пред околу десетина години, нема уметници од минатата година, ние сакаме да не ни се повторуваат уметниците или барем уметниците кои што доаѓаат да прават неколку години пауза, изјави Цоки Ристовски, од Сектор за култура

Организаторите очекуваат плодна продукција, која произлегува од инспиративниот амбиент на просторот во кој ќе творат уметниците. Кумановската, заедно со прилепската и струмичката колонија, се вбројуваат меѓу најстарите во државата.

-Според правилата или критериумите кои што ги има утврдено ликовната колонија Куманово секој уметник е должен да остави минимум две дела , понекогаш се случува некои од уметниците да направат и три дела. Оваа година од пријавените  уметници сите се ликовни уметници, нема пријавено скулптори. Но некогаш се случува некои уметници да дојдат и неколку дена по почетокот на колонијата, така што се уште не е дефинирано дали ќе бидат само ликовни уметници, изјави Ристовски.

 Интернационална по својот карактер, колонијата се одржува уште од 1974 година на различни локации, почнувајќи од манастирот „Прохор Пчински“, манастирот во Матејче, се’ до Пелинце каде што се одржува последниве неколку години.
По завршувањето на колонијата,  делата прво ќе бидат презентирани на изложба во Куманово, подоцна во уметничките галерии во државата и во регионот. Досега , за 40 години на колонијата учествувале над 500 држави од сите континенти, кои оставиле преку  1.000 дела.

Коментари

коментар(и)