На пеколни температури, кумановци без вода

Населбите во повисоките зони од Куманово на близу 40 степени целзиусови немаат вода и по неколку дена. Граѓаните мака мачат ноќе да ги наполнат  бурињата и пластичните шишиња за да можат колку толку да функционираат. Тие велат дека и кога водата ќе дојде, притисокот е многу слаб поради што машините за перење алишта и бојлерите не можат да ги користат.

-Месец дена нема редовно вода, ноќе дојде, дење ја нема, ако станеш ноѓе да наполниш шишиња ќе имам вода ако не наполнам , нема. За перење алишта да не зборуваме, нема пуштање машина, на овој пекол, нема вода , човек не може да се измие , да се реши проблемот бидејќи редовно плаќаме, изјави стојан илиевски, жител на Бабин Дол

– Се со страв переме, машина да вклучиме не смееме, децата да се капат попладне не смеат, се во туби, се во шишиња се грее водата, и кога има притисокот е слаб, на втор кат немаме воопшто, само на приземје, доаѓа навереч околу 23 часот , досипуваме вода во машината, дежураме додека испере. Треба да преземат мерки, а кој не плаќа нека им ја исклучат водата, кој има на диво приклучено вода нека им ја исклучат, изјави Милка Јовановска, жител на Куманово

Повисоките делови  во градот секое лето се соочуват со недостиг на вода, но последниве два месеца  ситуацијата е поалармантна. Граѓаните со апел до надлежните да не ја користат водата како средство за политичко-партиски  пресметки.

– Сабајле околу 4 часот  дојде до шест часот има притисок, а потоа нема, можеш само раце да измиеш на чешмата. Полниме туби за да имаме за раце, за садови, кој има бунар тој нема проблем. Ова е се политика, ова е јацвна тајна ова е политика, не е криза, само народот страда, секогаш е така изјави Слободан Трајковски, жител на Куманово

Од јавното претпријатие „Водовод “ тврдат дека комуналното претпријатие не го добива потребното количество вода кое треба да му го испорача „Водостопанство Кумановско Липковско поле“. Веќе подолг период  до филтер станицата доаѓаат само 30 литри кубни вода во секунда од бај-пасот , а би требало  околу  130 литри за да се задоволат потребите, велат надлежните. Од Водовод го повикуваат Министерството за внатрешни работи да го испитат случајот со водоснабдувањето во градот.

 „Водостопанство “ останува на ставот дека законска обврска на „Водовод“ е да обезбеди нормално водоснабдување на градот, бидејќи граѓаните за потрошената вода плаќаат сметки на јавното претпријатие, а дополнителните  количества вода можеле да ги обезбедат од други извори, а не само од липковските брани.

Коментари

коментар(и)