Завршува мерката за субвенционирање на општинскиот линиски превоз, со која во изминатите три и пол години на граѓаните им беше овозможено бесплатно користење на јавниот превоз. Во известувањето Општина Куманово информира дека од утре ( 01.07.2026 година) повторно ќе се применува редовниот систем на наплата на билети, по утврдена висина на цена по билет, согласнo одлука на Советот на Општина Куманово.
Цената на билетот во прва зона ќе изнесува 30 денари,
II зона – тарифен број 2 – 40 денари,
III зона – тарифен број 3-60 денари,
IV зoнa – тарифен број 4 – 80 денари,
V зона – тарифен број 5 – 100 денари,
VI зона – тарифен број 6 – 120 денари.
Инаку, на последната седница на Советот, градоначалникот Максим Димитриевски кажа дека продолжувањето на мерката за субвенциониран јавен превоз во Куманово ќе зависи од одлуката на Советот на Општината, одговарајќи на советничко прашање поставено од Дарко Митевски.