Отсекот за превенција при СВР Куманово како активен член на Локален совет за превенција во Општина Куманово изминатиот викенд спроведе превентивна активност, заедно со Полициското одделение Матејче и ЈП „Национални шуми“ – подружница Куманово на подрачјето на неколку села во Општина Липково. Преку разговор со месното население е упатен апел и укажано за совесно и одговорно однесување. Населението е информирано и за незаконска сеча на шуми, пустошење и предизвикување шумски пожари. Воедно им се поделени превентивни едукативни материјали со информации за законски предвидени казни за секое предизвикување на пожар односно, општа опасност.