Завршува меѓународната ликовна колонија „Карпино 2021“

11 ликовни уметници од Македонија и Србија се дел од 19 -тата Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“,  во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“. Дел од уметниците од Куманово, Скопје, Кочани, Крива Паланка, Свети Николе и Врање изминативе денови твореа во дворот на ресторан Грација, а останатите учесници во домашни услови, поради пандемијата, информира уметничкиот директор на колонијата Мики Трендафиловски.

Иако темата беше слободна, за поголем дел од уметниците мотивот беше токму Карпинскиот манастир.

Првпат на колонијата учествуваат и македонските ликовни уметници, уметничката и брачна двојка – Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствените во Македонија и пошироко кои создаваат како ликовно дуо.

Колонијата ќе биде затворена вечерва со доделување на дипломи на учесниците од организаторот, Мултимедијалниот центар „Карпино“.

Коментари

коментар(и)