(ВИДЕО) Тече имунизацијата со „Синовак“ и „Астра Зенека“

На пунктот во Куманово непречено се спроведува имунизацијата. Досега според податоците на Здравствениот дом, аплицирани се 76.000 дози вакцини. Интерес велат здравствените работници, има и кај помладите но и кај повозрасните. Вакцинирани се 1.000 млади на возраст од 12 до 18 години. Пунктот во моментов располага со Синовак и Астра Зенека за прва доза, а се врши и ревакцинација со Фајзер.

-Има поголема посетеност мислам дека најмногу доаѓаат оние до 50 години, но има и над 60 години, има на секоја возраст луѓе што доаѓаат. Има некои лица кои доаѓаат сакаат Фајзер или кинеска, но ја даваме таа која што ја имаме во моментов-посочи Драгана Тасевска, лекар во Здравствен дом Куманово.

Паралелно се спроведува и теренската вакцинација, а значаен е и интерест за имунизација на болни и немоќни лица во домашани услови.

-Досега се вакцинирани над 2.000 лица и можеме да кажеме дека има интерес и таа акција продолжува. Апелирам до сите граѓани што побргу да ја искористат можноста за вакцинација, бидејќи самата вакцинација е најдобриот начин за превенција на тешките форми на болеста и спречување на ширењето на вирусот-вели лекар Монализа Мемети при Здравствен дом Куманово.

Покрај Куманово, Крива Паланка и Кратово, пункт за вакцинација наскоро ќе добие и општина Липково.

Коментари

коментар(и)