Загина кумановец по експлозија на плинска боца

Шеесетгодишен кумановец загинал вчеравечер во својот дом по експлозија на плинска боца.

Како што соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово, синоќа во 20 часот  и 23 минути во полицијата било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров” бб, настанал пожар од експлозија на плинска боца. Притоа, од експлозијата починал сопственикот, 60-годишен жител на Куманово.

За несреќата во дневниот билтен утрово информира и Регионалниот центар за управување со кризи.

Според РЦУК, екипа на Територијалната противпожарна единица синоќа во периодот од 20 часот и 25 минути до 21 часот и 25 минути со едно противпожарно возило интервенирало на пожарот настанат од плинска боца.

По извршениот увидот на полициско-судските екипи на местото на несреќата, ќе се дознаат повеќе детали околу несреќниот случај што синоќа ги вознемири жителите на населбата Перо Чичо, но и целиот град.