Запалени оџаци во два поединечни случаи

Кумановските пожарникари бележат две интервенции на запалени оцаци во текот на изминатите 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била  завчера кога половина час пред полноќ било пријавено дека се запалил оџак на семеен дом лоциран на улицата 316 во населбата Ајдучка Чешма. На терен веднаш излегле пожарникари со едно противпожарно возило и по еден час успеале да излезат на крај со пламените јазици.

Втората интервенција исто така била на запален оцак на семеен дом, но во населбата Тоде Мендол, кај месноста Говедарски пат. Петмина пожарникари со едно возило се бореле со пожарот кој зафатил и дел од кровната конструкција на објектот. Пожарот бил изгаснат, а вистината на материјалната штета допрва ќе биде утврдувана.

Коментари

коментар(и)