Проодни патиштата во кумановските општини

Расчистени се сите главни  и споредни  улици и булевари како и локални приодни патишта во населбите , а тешката механизација  повторно ги чисти патните правци кон селата кои гравитираат околу Куманово, информира Центарот за управување со кризи врз основа на информации добиени од општина Куманово.

Од општина Липково соопштуваат дека локалните патни правци во општината  се чистат и делумно се расчистени, а се очекува во секој момент да се упати градежна механизација кон планинските села : Гошинце, Лукаре, Руница   Брест  и Белановце .

Во Општина  Старо  Нагоричане,  локалните патишта во низинскиот дел од општината се проодни,  но сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови.

Патниот   сообраќај  се одвива во зимски услови .

Двата регионални  патни правци во Општина Старо Нагоричане-Драгоманце и Арбанашко се прочистени и проодни од страна на Македонија пат , додека локалните патишата кои гравитираат во низинските села кон  Старо Нагоричан  се чистат од страна на фирмата ,Ѓорго комерц’’ која има склучено договор за зимско одржување со локалната самоуправа. Планинските села под Козјачијата се чистат со тешка механизација од страна на Дирекцијата за заштита и спасуваљње ,  Куманово и истите се во голем дел проодни, но со претпазливост во зимски  услуви.

Коментари

коментар(и)