Започнува реконструкцијата на капелата на градските православни гробишта во Куманово, објави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
-Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои се од особено значење за нашите сограѓани. Со реконструкцијата на Капелата ќе обезбедиме современ, функционален и достоинствен простор, со значително подобрени услови за користење и поквалитетна услуга за граѓаните. Како локална самоуправа, остануваме посветени на реализација на капитални инвестиции и активно работиме на обезбедување финансиски средства од централната власт и други извори, со цел да создадеме подобра инфраструктура и повисок квалитет на живот за сите граѓани – се вели во објавата на Димитриевски.