Жител на село Пелинце, општина Старо Нагоричане, вчера во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавил дека на таткото на неговата сопруга, 74-годишен жител на Младо Нагоричане му се слошило и бил пренесен во Општа болница Куманово каде починал, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а телото на починатиот било дадено на Институт за судска медицина Скопје за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.