Здружение „За Наше Куманово” организира крводарителска акција, која ќе се одржи во четврток во просториите на зградата на поранешен Комитет.
Акцијата која ќе почне во 09, а ќе трае до 16 часот, е по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески.
„Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои се во можност да се приклучат на оваа хуманитарна акција за да им помогнеме на оние луѓе на кои што им е неопходно“-се вели во соопштението на здружението.