Зголемено производство на шумски производи и продажбата

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2022 година е зголемено за 22,9 отсто во однос на четвртото тримесечје од 2021 година, додека продажбата на шумски сортименти изнесува 133 258 метри кубни и бележи зголемување за 16 проценти.

Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и другото грубо обработено дрво, цепeниците, дрвените столбови и колците.

Намалување има кај рудничкото дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови

Коментари

коментар(и)