Здружението на глуви и наглуви ја поддржа независната кандидатура на Димитриевски

Јавна поддршка за независната кандидатура за градоначалник на актуелниот Максим Димитриевски вчера упати здружението на глуви и наглуви од Куманово. Како што рече секретарот на здружението Деко Марков на прес-конференцијата одржана пред општина Куманово, Димитриевски го поддржуваат бидејќи ја препознале неговата секојдневна заложба за сограѓаните и грижата во обезбедување на подобри услови за живот на секое поле од општествениот живот.

-Ние како здружение застануваме на страната на Максим Димитриевски и неговиот неуморен тим, кој има една единствена цел, со приоритет, да работи за доброто на своите сограѓани, за подобро утре на сите нас, за подобри животни услови, за квалитетни услуги во рамките на државните институции, за поквалитетно образование, за помош на граѓаните, кои припаѓаат на социјално најзагрозените категории и сето она, кое во оваа прилика нема да биде спомнато, но ќе претставува неопходна потреба за нас граѓаните на Куманово, вели Деко Марков, секретар на здружението на глуви и наглуви во Куманово

Според Марков, градоначалникот Димитриевски изминативе години создал континуитет во извршувањето на зацртаните задачи и предвидените проекти, кои,  како што вели тој, успешно се реализираат.

-Ние како здружение на глуви и наглуви од Кумановосакаме да ја истакнеме одличната соработка со градоначалникот Максим Димитриевски, кој е тука за нас во секое време, со кого имаме одлична соработка и кој ни излегува во пресрет секогаш кога тоа ќе го побараме од него. Благодарноста од наша страна до него е огромна, од причина што овој човек работи посветено, упорноста го води само напред, неговата намера да му даде на наше Куманово нов, модерен и современ лик му дава уште поголем поттик да продолжи да работи и да се труди, рече Марков.

„Даваме несебична поддршка на програмата на Максим Димитриевски, која се состои од значајни проекти за граѓаните и за наше Куманово, кои се неопходни за нашето непречено функционирање и подобри услови за секојдневен живот“ , потенцира Марков од здружението на глуви и наглуви од Куманово.

Коментари

коментар(и)