Кумановка пријавила кражба и физички напад од две лица

Во СВР Куманово вчера околу 10 часот било пријавено дека во ОУ„Браќа Рибар“ во селото Сопот непознат сторител влегол во објектот со употреба на подесен предмет и одзел училишен прибор. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Неколку часа подоцна околу 17 часот, во полицијата кумановка пријавила дека во нејзиниот дом на улицата „Гоце Делчев“ затекнала две лица кои со употреба на сила влегле во куќата и одзеле повеќе предмети и притоа физички ја нападнале неа и нејзиниот син. Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на случајот

Коментари

коментар(и)