Здружението на дијабетичари со работилница

Здружението на дијабетичари-Куманово во соработка со болницата Систина- офталмологија и РОШ дооел Скопје организираат ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТИЧНА РЕТИНОПАТИЈА „ Предавач на настанот ќе биде доктор Елизабета Спасиќ,спец. Офталмолог и хирург од Систина.  Работилницата ќе се одржи утре, петок со почеток во 19 часот во зградата на поранешен Комитет. На предавањето освен лицата членови на Здружението можат да присуствуваат и останати заинтересирани граѓани, информираат од здружението на дијабетичари Куманово.

Коментари

коментар(и)