Изведена претставата „Народен пратеник“

Љубителите на театарот синоќа ја проследија комедијата „Народен пратеник“, која што ја изведе актерската екипа од театарот Антон Панов од Струмица, во рамки на фестивалот Денови на комедија. Се работи за дело работено според текстот на Бранислав Нушиќ, а режијата e на Владлен Александров. Актерот Бранко Бенинов истакна дека секогаш со задоволство настапува во Куманово,  каде што има одиграно голем број на претстави. Додаде дека фестивалот треба да се негува и да се подигне на уште повисоко ниво.

-Толкав број на публика 700 луѓе полна беше салата ова е една добра одговорност кај актерите. Ми се чини дека дадовме се од себе, да ги задоволиме вкусовите на публиката. Ова е малку поспецифичен жанр не е  лесна комедија туку е политичка сатира која има страшно темпо и ритам, друг тип на актерска игра малку е помодерна во смисла на изразувањето и бидејќи е сместено во лудница сите актери се луди и потребата е друга. Публиката можеби познавајќи го Нушиќ очекуваше нешто полесно да се случува но на крајот на краиштата и ние сами сфативме дека е многу сериозна и едуцирана публика која знае да следи дури и таков жанр-истакна тој.

Во „Народен пратеник“ настапуваат Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Анкица Бенинова, Стојан Велков Трн, Оливера Аризанова, Ване Василев, Ангелина Тренчева Ангелова, Кире Ѓорѓиев , Коста Ангов, Бранко Бенинов, Игор Тодоров и Ален Нанов

-Задоволна сум прв пат настапувам пред кумановска публика и се надевам дека сум им се допаднала бидејќи дадов се од себе, како пред мојата струмичката така и пред оваа-истакна Анкица Велинова.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Благој Мицевски, а кореограф Татјана Соколова.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)