Мартија во посета на „Буба Мара“

Музичката ѕвездичка  Мартија Станојковиќ денеска ги израдува и изненади најмалите во градинката Буба Мара  со слатки податоци. Мартија со оваа посета  се потсети на деновите кои што и таа лично ги поминала токму во овој објект. Со себе носи само прекрасни и незаборавни сеќавања поминати во Буба Мара.

Посетата на Мартија на Буба Мара беше само една од активностите кои што се реализираат во сите шест објекти на градинката„ Ангел Шајче“  во рамките на одбележувањето на недела на детето . Активноста во градинката кај поранешен Чик со билигвални паралелки беше насловена „Златен глас со Мартија Станојковиќ“.

Речиси цел час дечињата имаа можност да се дружат и забавуваат со пинковата ѕвездичка Мартија која им испеа неколку песни на различни јазици . После музичките точки  децата се фотографираа со неа.

martija-3

martija-2

Коментари

коментар(и)