Известување за дезинскекција против крлежи

Општина Куманово ќе спроведе дезинсекција против крлежи, најавија денеска од општината. Дезинскецијата ќе се спроведе на 27 и 28 април, вторник и среда, од 05:30 до 08:00 часот на подрачјето на градот.

Дезинсекцијата ќе биде спроведена на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Третманите се спроведуваат во неколку наврати годишно. Со посебен тендер се врши и авионска дезинсекција.

Коментари

коментар(и)