Изгорела куќа во пожар во кумановско Режановце

Во кумановското село Режановце вчера била опожарена куќа.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, две противпожарни возила интервенирале на запалена куќа во селото.

Интервенцијата траела околу два ипол часа, но нема информации за причината на избувнување на пожарот, ниту за висината на материјалната штета.

Во меѓувреме, пожарникарите во Старо Нагоричане интервенирале на запалена сува трева и нискостеблеста шума.

Коментари

коментар(и)