МТСП: Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре започнува етапната исплата на мартовските пензии. Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април и мај.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);

-за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

-за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток); и

-за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од утре (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

 

Коментари

коментар(и)