Издадени 390 одобренија за градба во јануари, на ниво на државата

Во јануари годинава се издадени 390 одобренија за градење, што е за 50,6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 706 874 илјади денари, што е за 33.6 % повеќе од лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 (43.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 131
(33.6 %) за објекти од нискоградба и 90 (23.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 390 објекти, на 182 (46.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 208 (53.3 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 677 станови на ниво на државата.

Коментари

коментар(и)