Во Уметничката галерија синоќа беше отворена традиционаланата изложба Фото салон Куманово 2015, која ја организира Фото кино клуб Козјак. Присутните имаа можност да видат 120 наградени фотографии, од автори од 60-ина држави, работени во четири теми, слободна (црно-бела и колорит) природа и живот.
-Пристигнаа фотографии на околу 360 автори, тоа е околу 4700 фотографии. Изложбата помина во најдобар ред, беа поделеник околу 120 награди, една од наградите ми припадна мене односно ФИАП диплома. ФИАП е најголема светска организација за фотографии, така што ми претставува голема задоволство што добив диплома-изјави Милош Нешковски член на фото кино клуб козјак.
Фотографиите ги избрало стручно жири од мајстори на фотографија во состав Бора Рудиќ, Раша Милојевиќ и Борислав Миловановиќ од Србија.
-Ова е добра прилика првин да се видат на едно место, под исти критериуми, фотографии на познати мајстори од светско реноме и на наши автори, тоа е многу важно, тоа е она што оваа изложба ја прави посебна. Ова е можност на едно место да бидат видени овие трудови, од публиката која во други прилики не би имала можност да ги види-истакна Цветан Гавровски, фотограф.
Награда на годинешниот фото салон доби и Кирил Штрков од Фото клубот Елема од Скопје.
-Немав никакви очекувања, ова е дигитална изложба каде се појавуваат верувам до 5.000 фотографии, така што да очекува човек награда, е многу амбициозно. Пријатно сум изненаден, фотографиите кои ги гледам на оваа изложба големо задоволство ми носи тоа што и мојата фотографија е меѓу ваков одличен избор што го направи фото клубот-нагласи тој.
Оваа меѓународна изложба на Фото кино клуб Козјак се реализира веќе една деценија.