Измамена кумановка за работа во Швајцарија

24-годишна кумановка вчера пријавила во полицијата дека била измамена од жител на липковско село за сума од 165.000 денари, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, во август 2024 година пријавениот се понудил да и помогне за добивање работа во Швајцарија и побарал пари. Откако во декември 2024 оштетената му ги дала парите, повеќе не можела да стапи во контакт со него, соопштија надлежните.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.