Измамен кумановец за огревно дрво

СВР Куманово информира дека  34-годишен маж од кумановско село вчера попладне пријавил дека бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва и откако се договориле му платил, по што пријавениот му кажал да се упати на местото каде наводно биле складирани и да го чека со образложение дека ќе оди во канцеларија да ја спреми испратницата, но после тоа не се појавил.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)