Во нашата програма е предвидено во зимскиот период, кога има големо загадување, да обезбедиме бесплатен превоз за сите граѓани во месеците декември, јануари и февруари. За пензионерите дополнително ќе имаме определени денови од неделата, кога ќе се возат бесплатно, посочи во населбата „Гоце Делчев“, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, одговарајќи на прашање од жител.
-Во наредните во зимскиот период кога има најголемо загадување во Куманово ќе имаме бесплатен превоз за сите граѓани на Куманово со градскиот превоз со цел да го намалиме движењето на возилата да ги натераме превозниците да купуваат што е можно поеколошки автобуси, за да ја зачуваме животната средина и воздухот да ни биде почист. Тоа се однесува на месеците декември, јануари и февруари. За пензионерите ќе имаме определени денови за почеток, кога ќе имаат бесплатен превоз до Куманово и назад до населбите-истакна Илиевски.
