Илиевски: Бесплатен паркинг за жителите на Центар

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска на прес-конференција во центарот на Куманово изјави дека граѓаните на овој дел од градот ќе имаат бесплатен паркинг во новите катни гаражи кои се предвидени во програмата на СДСМ за овие локални избори.

Илиевски рече „Како Градоначалник се обврзувам паркингот за жителите кои живеат тука да биде бесплатен, а една од катните гаражи кои ги предвидуваме ќе биде подземна катна гаража, со 700 паркинг места, со што уличките од овој дел ќе бидат затворени само за жителите. Вашиот глас на 31ви значи глас за бесплатен паркинг!„

Коментари

коментар(и)