„За секој квадрат нов бетон, е предвидено двојно повеќе зеленило. Со проектот „Мој еколог“ ќе ги направиме населбите модерни, убави и зелени,“ истакна при средбата со граѓаните од населбата „Гоце Делчев“, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски.
Презентирајќи ја програмата „Најдоброто за мојата општина“, нагласи дека Куманово за четири години ќе биде чист и зелен град, со паркови и урбани катчиња.
Во населбата „Гоце Делчев“ рече ќе се реконструираат улиците Лесковачка, Никшиќка, Тоде Думба, Кошеви, Титова Митровачка. Ќе се изградат тротоари и да се направат дрвореди.
-Зелената агенда е на сила а менџмент по квартови е нашиот нов концепт за одржување на зелените површини. Реализација на ова комплексно решение ќе биде во 5 фази. Определуваме 5 населби секоја година. А започнување тука во Гоце Делчев, Панче Пешев, 3-та МУБ, Бајрам Шабани и Тоде Мендол и 11-ти октомври и 11-ти ноември. До крајот на оваа година да ја започнеме трансформацијата на Куманово. Ние знаеме како и умееме како. Заедно со тим на еколози и архитекти ја исцртуваме секоја населба, која ќе биде поделена по квартови. Ќе има вработено еколози кои ќе се грижат за чистење и одржување на зелените површини-истакна тој.

Илиевски истакна дека секој слободен квадрат ќе биде модерно уреден, раззеленет и континуирано одржуван. Со системско решение рече ќе го напуштаме старото кампањско одржување и негрижата за животна средина. Најави и мерки за младите.
-Општина Куманово ќе плаќа полагање на возачки испит за млади луѓе, кои наполниле 18 години како дел од нашиот пристап за субвенционирање на младите. Тоа подразбира полагање на претприемни тестови за едукативно усовршување на знаењето за сообраќајот и сообраќајните правила и прописи на младите. Со пробни тестови, со реални прашања од локалните улици и крстосници во опфатот на општината, изработени од експерти-рече тој.
Дополни дека за ветените проекти имаат утврдена стратегија, план и средства.
