„Инклузива“: Паравани за гласање на лицата со попреченост фрлени на земја

Претседателката на здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Благица Димитровска претпладнево на својот Фејсбук профил објави дека параваните за гласање на лицата со попреченост се фрлени на земја и не се поставени на избирачко место.

„Дали на овој начин се почитуваат изборните права на гласачите со попреченост? Гласачко место 1063 во Куманово, параваните фрлени во ходник“, пишува Димитровска.

Таа ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности.