Инспекторите за труд казнија осум фирми

Во текот на изминатата недела од 7-ми до вчера, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршиле вкупно 375 инспекциски надзори на целата територија на државата.

„Од вкупниот број на надзори извршени се 129 редовни надзори, 177 вонредни надзори и 69 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија.

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 84 решенија од кои 70 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 14 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена.

Издадени се 8 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект“, информираат од Државниот инспекторат за труд.

Коментари

коментар(и)