Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале на неколку локации во кумановскиот и липковскиот регион.
Според дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите вчера гаснеле опожарен смет и стрниште во селото Романовце, опожарена сува трева и стрниште во Слупчане и стрниште во липковското село Опае.
Екипа на ТППЕ Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден интервенирала на опожарена сува трева во селото Стрезовце, информираат надлежните.