Во организација на комисијата за унапредување на меѓуетничка интеграција во образованието при МОН и ОБСЕ деновиве во Тетово се одржа информативна средба за државни грантови за унапредување на мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничка интеграција во образованието.
На едукативната средба присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ. Во рамките на втората сесија, од нивна страна беше презентирана улогата на Локалниот совет за превенција при Општина Куманово, како одличен пример за меѓуинституционална соработка, особено важна во сферата на образованието и безбедноста на кумановци.
