Исчезнат кумановец, семејството бара помош

Триесет и тригодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера, недела, се води како исчезнат. Семејството апелира сите граѓани доколку имаат каква било информација во врска со оваа лицето, кое последен пат било забележано во Доброшане, да пријават во полициската станица или на контакт телефон 071 329 068. Дополнуваат дека лицето е глувонемо. Дека лицето е пријавено за исчезнато потврдија и од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)