Казнети 38 возачи на подрачјето на СВР Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово вчера спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

СВР Куманово апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта.