Казнети 84 возачи, кои возеле пребрзо

Вкупно 84 казни напишала полицијата во текот на вчерашното претпладне поради возење со брзина над дозволената на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, појаснуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)