Каков беџ ќе добијат македонските е-трговци?

Не само заради спас од сивата економија, туку и поради безбедноста при купувањето онлајн, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија воведува „Беџ за верификуван е-трговец”. Овој беџ ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните правила и законски прописи од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од нелегалната трговија.

Беџот за верификација е дел од иницијативата „Е-трговија за сите“, која е поддржана од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, има за цел да ги доближи до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи за работење во е-трговијата и да одигра едукативна улога за компаниите кои работат со е-трговија.

Главна причина за започнување со оваа активност, како што велат од Асоцијацијата за е-трговија е потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници.

Коментари

коментар(и)